СВАТИКОМЕТ е меѓународна компанија со седиште во Словенија. Рангирана е во високиот врв на светски познатите произведувачи на абразивни брусни материјали, воедно и рамноправно се претставува во однос на своите конкуренти. Долгата традиција, повеќе од 130 години и вистинскиот ангажман во познавањето и употребата на технологијата и дава на СВАТИКОМЕТ можност да помага во развојните и подобрени услови за брусење на материјали кај своите купувачи.
Брусни камења. Тоа се брусеви кои имаат паралелни површини и дупка за монтажа. Тие, исто така може да имаат една или две вдлабнатини, но во надворешниот профил обично се прави. На барање на купувачот профилот може да се направи во стандард или надвор од стандардната форма. Рамните брусни камења се произведуваат до максимален дијаметар од 1250 мм.
Брусеви со стандардизиран облик. Се користат за брусење на алати. На посебно барање на купувачот можеме да изработиме слични облици и димензии кои се надвор од нашите стандарди.
Брусни обрачи. Се специјализирани брусеви за површинско брусење и брусење на алати. Нивната дебелина на ѕидот е еднаква или потенка во однос 1/6 со надворешниот дијаметар. Како стандардни димензии за надворешен дијаметар се ф100мм.или повеќе.
Брусни плочи за директно и површинско користење. За сечење на сите типови на метал (инокс, бакар, алуминиум) камен, цигла, бетон, полн и празен метален профил како и брусење на истите материјали. Се произведуваат за периферна брзина од 80 до 100 м/ѕ, во дијаметар од ф65 до ф800мм. Тие се засилени со стаклена ткаенина, кој гарантира безбедност како при користење со аголна брусалка така и со фиксните машини. За овие видови на тркала имаме DSA лиценца на No.1818 употреба, 1819,1820 и 2874.
Брусеви со стебло. Нашиот асортиман на брусеви со стебло ги покрива сите форми кои произлегуваат од светскиот стандард ИСО2933 цилиндрична, рамна, округла, триаголна, радиусна. Исто така може да се изработат и специјални форми и гранулации по барање на купувачот. Тие се користат на мали брусилици за внатрешно и надворешно брусење и моделирање.
Полифлексибилни брусни плочи и ламелни брусни дискови. Се користат за брусење на рамни и заболени површини. Се монтираат на аголни рачни брусалки кои се со максимална брзина до 80м/ѕ. Истите постојат за брусење на стандардни челици и инокс материјали. По нивната употреба даваат мазна и одлично избрусена површина.
Дијамантски и борнитридни дискови. Целиот асортиман опфаќа дијамантски дискови и круни кои се изработени со дијамантски или борнитриден слој. Се изработуваат во димензии по потреба и желба на купувачот за сечење и бушење на бетон, асфалт, мермер, гранит, шамот како и острење на алати и елементи од тврди метали.
Поризведуваме брусни турпии или (белегии) во стандардни димензии квадратни, триаголни, полуокругли и округли. Ваа група ги опфаќа и операции на острење на алати как и рамнење на стандардните брусни камења. Истите може да се испорачаат во димензија и гранулација според потребите на купувачот.
Каталог – Брусни плочи
Каталог – Брусни камења
Каталог – Дијаманти за острење на алат и градежништво