Комплетен асортиман на држачи и променливи плочки изработени од тврд метал кои ги опфаќаат сите операции при обработка на метал: надворешно стругање, внатрешно стругање, отсекување, режење на надворешен и внатрешен милиметарски, цоловен и витфордов навој.
Променливите плочки постојат во неколку различни квалитети според потребата и карактеристиките на материјалот кој се обработува. Истите се приспособени да се користат на различни генерации и големини на машини со препорачани режими за работа.
Голема изборна палета на алат за бушење. Бургии и развртачи изработени од тврд метал со променливи круни и плочки, само подесувачки со кои добивате подобрена прецизност и завршна обработка посебно кај тврдите челици. Се произведуваат во дијаметри од ф0,1мм. До ф70мм. со можност за ладење низ спиралата и вкупни работни должини и до 300мм.
Глодала со променливи плочки и еднородни глодала од тврд метал, кои се изработуваат во најразлични геометрии и дијаметри. Покрај стандардните прикажани глодала, постои можност и за изработка и на специјални форми и димензии по барање на купувачот. Во ова поле на обработка постојат глодала кои ја олеснуваат вашата работа, плочките за глодање со повеќе резни ивици и пристапна цена се препорачуваат во повеќе геометрии.